ФК Вардар веќе неколку денови тренира во Скопје и се подготвува за новата сезона која започнува на 21-ри, идниот месец. Веќе неколку денови ги промовираме новите играчи кои го засилија Вардар, а сега дојде ред и на младиот напаѓач Дарко Грозданоски.
Грозданоски има 22 години и треба да го засили нападот на нашиот тим. Младиот фудбалер веќе има искуство со играње во прволигаши на Македонија, а последен клуб му е екипата на Победа од Прилеп. Грозданоски пред да дојде во Прилеп играше за тимот на Тиквеш како позајмен фудбалер од Силекс, каде одигра 14 натпревари и постигна четири погодоци. Освен за овие тимови, како младинец настапувал и за екипите на БСК Белград, Прва Искра, Црвена Звезда. Младиот играч ќе биде задолжен за головите како поддршка на искусниот Петковски.
Му посакуваме добродојде во ФК Вардар на Дарко Грозданоски!