Младинките на Македонија во ракомет денес ќе разигруваат за пласман на 5.место на ЕХФ Шампионатот кој изминатиов период се одржува во Скопје, во С.Ц. Јане Сандански.
Денешен противник на Македонија е репрезентацијата на Финска. Селекторот Савевски се одлучи за истиот состав, како и на претходниот натпревар против Косово. Тоа значи дека на теренот ќе ги видиме вардарките, Пешиќ, Костовиќ, Трајкоска, Џатевска и Миновска. Натпреварот започнува од 15:00 часот.