Вардар стартуваше со подготовки за новата сезона, екипата се собра во С.Ц.Јане Сандански каде ќе се тренира се до заминувањето за Златибор. На првиот собир се појавија и новите засилувања, еден од нив е и полскиот репрезентативец, Јан Чувара, кој ќе биде поддршка за Дибиров, на левата крилна позиција.
Во неговото прво обраќање пред медиумите, Чувара изрази задоволство за трансферот во Вардар, истакнувајќи дека максимално ќе ја искористи секоја шанса од тренерот.
„Трансферот во Македонија ми е прв интернационален предизвик. Среќен сум што сум тука, сакам да играм и да се натпреварувам. Добро е што Патрик Валчак беше тука, ми кажа многу за Вардар, градот и тимот. Сите се од помош и се надевам дека ќе имаме добра сезона.
Тимур е ракометна легенда, играњето со него ќе биде одличчно искуство. Се надевам ќе научам многу од него, а кога тренерот ќе ми даде шанса, јас ќе ја искористам, истакна Чувара.