Црвено-црните одиграа реми 30-30 во 1/8-финалето на ЛШ на гости кај полскиот преставник во елитната лига Висла Плоцк. По мечот имаше стандардна прес-конференцијата, на која тренерот Раул Гонзалес изјави дека неговите играчи постигнаа добра работа, но останува уште едно полувреме во Скопје, тој во изјавата за медиумите вели:
Мислам дека завршивме добра работа овде. И двата тима играа многу добро, особено во нападот. Првото полувреме ѝ припадна на Висла, а ние имавме некои грешки во одбраната, а во нападот не бевме лоши. Во вториот дел работите се сменија за нас зашто нашата одбрана беше подобра, поцврста, Арпад Штербик беше подобар отколку во првото полувреме, потоа почнавме да реализираме и контри и имавме четири гола предност на пет минути до крајот, но противничките играчи многу се бореа до крајот и успеаја да изедначат. Овде е тешко да се игра и затоа за нас ова е добар резултат, сега ќе играме во Скопје. Ова беше само прво полувреме, ќе видиме како ќе биде на второто, но ќе биде тешко.- Вели Раул Гонзалес.
Од играчите на црвено-црниот машки ракометен колектив на прес конференцијата својот став во кратка изјава го кажа централниот бек на вардарци, хрватскиот интернационалец Циндриќ :
Знаевме дека не чека тежок меч. Направивме некои грешки што не требаше, Висла не стигна и беше реми. Ни претстои мечот во Скопје и верувам тоа ќе го подобриме- кратко изјави Лука Циндриќ