Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци со една “нога’ во 1/4, Висла немаше сила за цел натпревар
Вардарци со една “нога’ во 1/4, Висла немаше сила за цел натпревар

Вардарци со една “нога’ во 1/4, Висла немаше сила за цел натпревар

Вардарци со позитивен резултат се враќаат од гостувањето во Плоцк, откако успеаа да одиграат нерешено на првиот осминафинален дуел. Со пресврт во второто полувреме, нашиот состав со поволен резултат ќе го започне реваншот во Скопје за десеттина дена.

Натпреварот со гол го отвори Вардар, кој беше дело на Хорхе Македа. На почетокот Арпад Штербик забележа две одбрани, додека во наредните шест минути следиме игра каде се играше гол за гол на двете страни. Висла Плоцк за прв пат успева да поведе со 6:5, црвено-црните во следниот напад го израмнуваат резултатот. Во овој период го имавме расположениот Игор Карачиќ, кој беше најзабележителен во нападот и одлично се снајде во новата улога, како лев бек во отсуство на Горбок и Лазаров. Во наредните минути екипите влегуваат во серија од два последователни погодоци. При нерешен резултат од 8:8, домаќинот успева да постигне три последователни погодоци за водство од 11:8, откако Дибиров не успеаа да реализира удар од седум метри. Сепак Дибиров во следниот напад успева да погоди за намалување на предноста на Висла. Душебаев во два наврати го пронаоѓа патот кон мрежата на Викари, за резултат 13:11 во 23 минута од натпреварот. Сепак за прв пат на овој меч една од екипите осетно се одлепи на четири гола позитива, Висла го имаше расположениот Тарабокиа. До крајот на првото полувреме следиме серија на Вардар од 1:3, за на полувреме да се замине со резултат 16:14. Карачиќ беше најефикасен по првото полувреме со 4 голови.

Вториот дел започна со гол на Ракотеа за водство на Полјаците од 17:14. Игор Карачиќ продолжува со добра игра на теренот, едноставно Висла немаше одговор за неговите брзи продори. Со неговиот шестти погодок стигнуваме на само гол негатива, додека во следната минута, Тоскиќ по подолго време носи израмнување 18:18 во 37 минута. Истовремено нова одбрана за Штербик, вкупно 6-та на мечот. Домаќинот делуваше сосема изгубено, немаше игра во нападот, што му овозможи на нашиот состав со два контра-напади да поведе со 18:20. Во следните пет минути црвено-црните ја одржуваат предноста од два погодоци, со голови на Македа и Брумен. Со треттиот гол на Дибиров, Вардар за прв пат имаше позитива од три гола 21:24 во 46 минута. Стоилов водеше голема борба со противничките играчи, добива топка на својата позиција и тој се запишува во листата на стрелци. Висла за момент намалува на само еден гол, но Дибиров погодува за одржување на водството. Штербик одличен на голот остварувајќи ја деветтата успешна интервенција. Манасков со својот втор погодок од седум метри ја враќа најголемата предност 25:28 на четири минути пред крајот. Мало отпуштање во нашата игра, што му овозможи на Висла да намали на еден гол негатива.  До крајот Висла успеаа да дојде до нерешени 30:30.

 Карачиќ беше најефикасен со шест голови,  Лука Циндриќ постигна пет, а Тимур Дибиров четири.