Голем број на шпански тренери се на кормилата на европските клубови кои се дел од Лигата на шампионите, моментално ракометните стручњаци од оваа земја се меѓу најценетите во елитната лига. Поголем дел од нив заедно се на „мастер коуч” семинар во главниот град на Шпанија, Мадрид.
На истиот заедничка фотографија направија: Хота Гонзалез, Раул Гонзалез (ПСЖ), Маноло Кањељас (Мешков Брест), Хуан Карлос Пастор (Пик Сегед), Алберто Ентрериос (асистент во Нант) и Роберто Парондо (Вардар). Ова беше прилика пред секој да тргне на својата страна, Гонзалез да му ги даде последни инструкции на Парондо кој за околу две недели првпат ќе си собере црвено-црните.