Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Што се случува со Вардар, негатива од осум на полувреме во Битола

Што се случува со Вардар, негатива од осум на полувреме во Битола

Ракометарите на Вардар го “преспаа” првото полувреме во Битола и имаат огромна негатива од минус осум од Еурофарм Работник, 18:10.

Вардарци ама баш ништо не одиграа во овој прв дел. По се изгледа мислеа дека лесно ќе го добијат овој дуел, против тимот кој оваа сезона важи за нивни најголем конкурен за титулата. Во првото полувреме фантастичен на голот на домаќинот беше Трајковски кој собра осум одбрани, а нападот на домаќинот функционираше одлично. Во првите 30. минути нашиот тим прими дури 18 погодоци.

Вардарци ќе мора во вториот дел да си ја сфатат сериозно работата и да се испотат ако сакаат да слават победа која ќе им биде многу важна во понатамошниот дел од сезоната.