Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар се враќаше од девет гола негатива па успеа да ја освои Битола и да го победи Еурофарм
Вардар се враќаше од девет гола негатива па успеа да ја освои Битола и да го победи Еурофарм

Вардар се враќаше од девет гола негатива па успеа да ја освои Битола и да го победи Еурофарм

Вардарци се враќаа од „мртвите“ откако имаа голема негатива на денешното гостување кај екипата на Еурофарм, сепак на крајот славеа со резултат 28:30.

Сигурно најлошо прво полувреме за Вардар во последниве неколку сезони. По првите 30 минути екипата на Еурофарм имаше неверојатна предност од осум гола позитива (18:10), а најголем виновник за стекнатото високо водство беше голманот Благојче Трајковски кој имаше двоцифрен број на одбранети удари по првиот дел. Откако Карачиќ не успеа да го реализира првиот напад на црвено-црните, Еурформ поведе со голот на Остроушко. Првиот гол нашиот шампион го постигна во 3.минута кога погоди Шишкарев за намалување на 2:1. Трајковски набрзина стигна до три одбрани, кои неговиоте соиграчи ги искористија за да поведат со 4:1 во 6.минута од натпреварот. Избраниците на Парондо не можеа да се пронајдат, едноставно ова не беше оној Вардар кој сме навикнати да го гледаме. Противничкиот голман ни бранеше топки како на тренинг, додека со головите на Џукиќ и Кузмановски, битолчани поведоа со највисоки 7:1, а Вардар на вториот гол чекаше цели десет минути кога погоди Кристопанс, за неговиот единствен гол во првиот дел. Во контра-напад, реализираме преку Шишкарев, за Милосављев да одбрани две топки, што го користиме преку Стоилов кој во 15 минута намали на само три гола негатива (9:6). Кога помисливме дека работите ќе тргнат подобро за Вардар, следуваше навистина лош период, не паметиме кога некој тим ни направил серија од 5:0, а ние не сме постигнале гол цели седум минути. Повторно Трајковски влегува во ритам, кој им брани удари на Скубе, Дибиров и Стоилов, а домаќинот немилосрдно ја полнеше нашата мрежа, за во 22 минута реултатот на семафорот да гласи 14:6, ниту присутните гледачи не веруваа на овој резултат. Вардар ја прекина серијата со голови на Дибиров и Војводиќ, но Еурофарам врати на ист начин и поведе дури со 17:8. За утеха во првиот дел ни беше тоа што намаливме, за на полувреме резултатот да биде 18:10.

Позитивни знаци доаѓаат во нашата игра кога во 36 минута од вториот дел со голот на Шишкарев смаливме на шест гола, а после пресечена топка Дибиров намали на само пет гола (20:15). Влегуваме во серија, што е добро зза Вардар, со голот на Кристопанс резултатот е само 20:16. Откако Еурофарм не реалзиира нов напад, ние казнуваме преку Дибиров кој погоди седмерец за намалување на 20:17, што беше знак за Алушевски да побара минута одмор. Тоа даде резултат за битолчани кои врзуваат два гола по ред и повторно се одлепуваат на пет гола (22:17) во 42 минута. Избраниците на Парондо повторно се обидуваат да смалат, тоа ни успева кога Дибиров со нов гол намали на 24:20, додека Калараш исто така сигурен за само минус три негатива во 47 минута. Ова е најдобрата серија во која влеговме од 0:5, со што намалуваме на 24:23, откако погодија Карачиќ и Стоилов за само еден гол разлика (24:23) во 50 минута. Нашата серија по подолго време ја прекина Кузмановски, кој го одржуав својот тим во борба за победа. Каков пресврт на црвено-црните, ова е вистинскиот Вардар кој го сакаме, со голот на Шишкарев од контра на шест минути пред крај стигнавме до прво водство од 27:28. Истава позитива ја имавме и на минута пред крајот, кога погоди Карачиќ, а домашниот тим не реализира напад. Останаа уште 20 секунди за Вардар, кои успеваме да ги реализираме, на крајот славиме победа со резултат 28:30.

Ова е голем триумф за црвено-црните кои се блиску до освојување на нова домашна титула. Најефикасен кај Вардар беше Дибиров кој постигна 8 голови.