Денес во салата “Автокоманда“ тимот на РК Аеродром ја пречека екипата на Вардар во кадетското ракометно дерби. Црвено-црните денес го забележаа првиот пораз во оваа конкуренција, домаќинот триумфираше со 29-27 на оваа средба.
Заморот го зема данокот, седум наши играчи од 11 до 13.април беа во Унгарија на ЕХФ Турнир, а шестмина по враќањето во недела, одма вчера (понеделник) биеше суперлигашка битка за првиот тим против РК Пролет. Домаќинот успеа да не совлада иако и тие имаше неколку играчи на турнирот во Унгарија. Првиот дел беше тесен резултатски, имаше голема битка, домаќинот го доби само со гол предност, 14-13.
Во вториот период продолжи рововската битка, се играше гол за гол. Ривалот во еден момент се одлепи на 26-22. Ние одигравме фуриозно во финишот со цел да успеаме да резултатски се доближиме. Успеавме само да ја преполовиме предноста и поразени бевме со два гола, 29-27.
Прв стрелец беше играчот кој се врати по хирушка интервенција, Бојан Чакалиќ кој даде седум гола, Савревски Давид даде шест гола, а пак Велимир Грујовски стрелаше четири пати.