Денес својот 17-ти роденден го прославува “специјалистот“ за одбрана во редовите на ЖРК Вардар, талентираната и одлична ракометарка пред која е блескава иднина, Ангела Гроздановска. Девојка која пред се игра во дефанзивата, вреден работник на теренот, неуморен борец, не така често се сретнува во нашите текстови поради тоа што стручниот штаб претежно ја користи за зајакнување на “бедемот“ пред црвено-црниот гол. Позиција на која игра за сите пофалби, на ниво и со голем ентузијазам влегува во секој дуел.
Пожртвуваноста, борбеноста, истрајноста и тимскиот дух се работи кои ја красат вардаровата 23-ка.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГРОЗДЕ!