Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Регуларната продажба на сезонски билети започнува денес
Регуларната продажба на  сезонски билети започнува денес

Регуларната продажба на сезонски билети започнува денес

Од денес па во следните три недели ќе трае регуларната продажба на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар. Билетите може да се купат он лајн на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Откако заврши приоритетната продажба во петокот на сезонските билети, сите слободни места се пуштаат во продажба. Нема ограничување од околу местата, и сите слободни места се расположливи за избирање.

Регуларната продажба на сезонски билети ќе трае до 20 август.
Сезонските билети може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и тоа секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн преку www.ticketplus.mk.

Со секој купен сезонски билет ќе може да се добие и шампионска маица по цена од 399 МКД.

Повеќе информации можете да добиете на:
телефон: + 389 2 2401 980
e-mail: info@ticketplus.mk

Цени на сезонските билети

1. РК Вардар сезонски билет
– 2.200 МКД за трибинскиот простор
– 2.600 МКД за А блокови
– 900 МКД за стоење
* Овозможен е влез на:
– Сите натпревари од групната фаза од ВЕЛУКС Лигата на Шампионите
– сите натпревари на домашен терен од СЕХА Газпром Лигата
– сите натпревари на домашен терен од Македонската Лига
– сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ

2. ФК Вардар сезонски билет
– 1.200 МКД
*Овозможен е влез на:
– Сите натпревари на домашен терен од ПМФЛ
– Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ

3. ЖРК Вардар сезонски билет
– 600 МКД за трибинскиот простор
– 900 МКД за новите А блокови
*Овозможен е влез на:
– Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите
– Сите натпревари од главната фаза од Лигата на Шампионите
– Сите натпревари на домашен терен од Македонската лига
– Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ

4. ВАРДАР ПАСС
– 2.600 МКД за трибинскиот простор
– 3.000 МКД за новите А блокови
*Овозможен е влез на:
– Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите (РК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од СЕХА Лигата (РК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Македонската Лига (РК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ (РК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од ПМФЛ (ФК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Куп Натпреварувањето на РМ (ФК ВАРДАР)
– Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите (ЖРК ВАРДАР)
– Сите натпревари од главната фаза од Лигата на Шампионите (ЖРК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Македонската Лига (ЖРК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ (ЖРК ВАРДАР