Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во 1/16-фин. од Купот ќе игра против ФК Локомотива
Вардар во 1/16-фин. од Купот ќе игра против ФК Локомотива

Вардар во 1/16-фин. од Купот ќе игра против ФК Локомотива

Денеска во просториите на фудбалската федерација на Република Македонија  беа извлечени двојките за првата рунда натпревари од Купот на Македонија, од односно шеснаестфиналната рунда. Во оваа рунда се игра еден дуел кој ќе ги даде патниците во осминфиналните дуели од најмасовното натпреварување.

Ждрепката сакаше во 1/16-финалето од Купот на Република Македонија наш ривал да биде екипата од Скопје, тимот на  ФК Локомотива. Во овој дуел нашиот  Вардар е апсолутен фаворит со екипа од понизок ранк, сосема очекувано е да настапиме и лесно да минеме со комбиниран состав на овој куп натпревар.