Како и напрвата контролка така и на оваа шефот на стручниот штаб на црвено-црните Стојан Петрушевски неможеше да смета на дури пет играчи, тие се на подготовки со првиот тим и се дел од кадетската репрезентација. Почетокот на првиот дел донесе изедначен ракомет гол за гол, се до резулат 4-4 потоа следеше серија на гостите 1-8 и се одлепија на 5-12. Следеше потоа налет на младите вардарци кои ја подобрија играта во одбрана, и поентираа во напад за на полувреме со замине со минус три. Направивме серија 9-5 и ја ублаживме негативата, на одмор се отиде со резулат 14-17. Вториот дел почна така што ГРК Борец повторно водеше со пет гола, со двата погодока едно подруго за 14-21. Потоа вардарци тргнаа да мелат се пред себе играа одлично и дојдовме до израмнување, 23-23. Следуваше период на наше водство, и предност од 27-25 со кое влеговме во финишот, сепак гостите изедначија на 27-27. докрајот имавме шанса последнот напад да го претвориме во победа, но остана резултатот 27-27. Најефикасни во нашиот состав на овој тест-дуел беа Бујачиќ и Димов со постигнати шест погодоци.
Вардар Јуниор: Кизиќ, Ивановски, Филиповски, Стојковски 1, Ристов, Манасков 1, Димовски 2, Симиќ 3, Ангелов 2, Вујачиќ 6, Трпчевски 1, Димов 6, Анастасовски 1, Георгиевски 2.
Седмерци: 1/3. Исклучувања: 18 мин.