Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Успешно деби за Филип Арсовски, генерација “2006“ со две победи започна на “Фер Плеј куп“
Успешно деби за Филип Арсовски, генерација “2006“ со две победи започна на “Фер Плеј куп“

Успешно деби за Филип Арсовски, генерација “2006“ со две победи започна на “Фер Плеј куп“

Денес стартуваше традиционалниот турнир “Фер Плеј куп“ во Охрид. Вардаровата генерација родени “2006“ година одигра два натпревари и на двата меча забележа сигурни победи. Ова беше деби за тренерот Филип Арсовски кој ја презема оваа генерација на почетокот на новата сезона.

Нашите млади надежи најпрво одиграа натпревар со екипата на Јанг Бојс, кој го добија со резултат 2:0. Заслужена победа за нашите момци, кои не му дозволија на противникот многу да се изнаигра. Давид Голубов најави добар почеток на новата сезона и со неговите два погодоци ја впишавме првата победа на турнирот.

На програмата беше уште еден дуел за црвено-црните. Овој пат противник ни беше екипата на Пелистер, која ја добивме многу поубедливо од првиот меч. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 7:1. На овој дуел блескаше Марко Николовски кој постигна дури 4 голови. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Давид Голубов, Олег Михајловски и Стефан Коловски. Успешен почеток на турнирот за оваа генерација, која утре продолжува со настапите на “Фер Плеј куп“.