Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Историја > Пола деценија заедно! 5-години Вардар фанс (екс Лико) со црвено-црната јавност
Пола деценија заедно! 5-години  Вардар фанс (екс Лико)  со црвено-црната јавност

Пола деценија заедно! 5-години Вардар фанс (екс Лико) со црвено-црната јавност

Денес се навршува пола деценија, односно пет години од првата објава и стартот со работа на нашата црвено – црна страница. Почетокот беше на денешен ден 19 Август 2011 година. Се почна случајно со обичен обид за фан страница на тогашниот фудбалер на ФК Вардар, бразилскиот интернационалец Пауло Кандидио познат како Лико. За кратко време дојде огромен раст, почнавме со стотина фанови денес пет години потоа сме 13.000 повеќе, кои доброволно пристапија да ја следат нашата црвено-црна приказна, безреклами посети и понуди за прифаќење кои се безмалки изнудени, туку со чиста желба да го следиме Вардар.

Стартувавме скромно, но за кратко се покажа дека црвено – црната јавност е “гладна“ за информации за Вардар кој тогаш по превземањето под капата на Град Скопје повторно јуришаше по долги години кон шампионскиот примат во домашната лига. Брзо Вардар фанс стана катче за дружба, информирање, поддржување на нашиот најголем бренд кој во тоа време за жал немаше свој веб портал, немаше ажурирана фб-страница за информирање на својата публика. Минуваа години опсегот на вестите се зголеми дојде на сцена и ракометот и понатака нашата дружба си траеше, а од пред година и половина година може да не следите и на vardarfans.mk (веб портал) место каде освен фудбалските и ракометните вести има место и за куглање, борење,  кошарка , атлетика , Комити, а пособен акцент имаме на  млади категории на Вардар. Мило ни е што конечно после толку долго време и официјалните страни на клубот увидоа дека децата се богатство и полека, полека им даваат простор кај нив, за што сме горди посебно.

Ви благодариме на довербата во овие цели пет години , на вашото следење , коментари , критики . Остануваме заедно и понатаму .

Со почит вашиот Вардар Фанс