Денес започна турнирот “Фер Плеј куп“ во Охрид на кој учествуваат и три Вардарови генерации, со вкупно пет свои екипи. По комплетирањето на првиот натпреварувачки ден беа забележани вкупно 6 победи и 4 порази.
Генерацијата родени “2005“ година под водство на Игор Кралевски одигра четири натпревари со двете екипи и беа постигнати следниве резултати:
Вардар (1) – Фљамуртари 5:0 ( Никола Величковски (3), Матеј Гаштаров и Филип Јовановски)
Вардар (1) – Постолов Пандев 3:0 ( Никола Величковски (2) и Матеј Гаштаров)
Вардар (2) – Кикер ( Краљево) 0:2
Вардар (2) – Перак (Прилеп) 0:2
Две победи на првиот натпреварувачки ден за генерацијата “2006“ на Филип Арсовски
Вардар – Јан Бојс 2:0 ( Давид Голубов (2)
Вардар – Пелистер 7:1 ( Марко Николовски (4), Давид Голубов, Олег Михајловски и Стефан Коловски).
Свои настапи на првиот ден на турнирот имаше и најмладата генерација “2007“ на тренерот Зоран Петковски. Тие одиграа четири натпревари и забележаа
Вардар (1) – Караорман (2) 17:0
Вардар (2) – Караорман (1) 1:5
Вардар (1) – Шумадија 4:3
Вардар (2) – Нова Колонија 1:3