Пред три сезони можеби се одигра еден од незаборавните натпревари на ракометниот клуб Вардар и тоа во својата неосвоива тврдина, С.Р.Ц. Кале. Само еден гол ги делеше избраниците на Вујовиќ до пласман во групната фаза од ЕХФ купот. Првиот натпревар се играше во Германија, кој Магдебург го доби со 30:27. На реваншот на Кале, без помошта на Вујовиќ од клупата, успеавме да забележиме триумф од 28:26. Последниот напад го имавме ние, но ударот на Прибак во последните секунди беше изблокиран од противничките играчи.
На реваншот, Кале беше исполнето до последното место и немаше многу простор за движење на трибините. Тоа беше едно од најдобрите навивања на Комити, кои на тој меч беа во голема бројка. Од најмладо до најстаро беше присутно на тој голем натпревар. Секој кој беше присутен, ќе се потсети на тие моменти и знае како беше на тој меч. Сигурно дека ќе остане во сеќавање на секој Вардаров навивач.