Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Резултати од првиот ден на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ одиграни на Кале
Резултати од првиот ден на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ одиграни на Кале

Резултати од првиот ден на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ одиграни на Кале

Вчера започна второто издание на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ на кој настапија и нашите екипи. Во следниов текст ќе ви ги презентираме натпреварите одиграни на Кале во генерација родени 2000/2001 во машка конкуренција.

На натпреварот помеѓу ракометните екипи на Урдаревски Вардар и Преспа Вардар, како победник на крајот излезе тимот на Рк Урдаревски Вардар. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 11:6. Во текот на целиот меч победничкиот тим имаше предност, која на полувреме изнесуваше четири голови разлика 7:3. Одлично го почнаа натпреварот со предност од 5:0, која ја одржуваа до самиот крај на дуелот. Најефикасен во победничкиот тим беше С. Милошевски со 4 постигнати голови.

Истава екипа Рк Урдаревски Вардар до крајот на вчерашниот ден одигра уште еден меч, на кој забележа нова победа, против Рк Гостивар Вардар. Конечниот резултат на овој меч гласеше 17:10. Само во првоо полувреме имаше резултатска неизвесност, кога резултатот на семафарот гласеше 7:6. На почетокот на вториот дел Урдаревски направи серија од 4:0, што се покажа како пресудна за конечниот победник. Чатовиќ постигна најмногу вкупно 7 голови, додека Стефковски го следеше со 4 погодоци во тимот на Урдаревски Вардар.

Рк Илинден Вардар со победа стартуваше на овој турнир, откако ја победи екипата на Рк Шампион Вардар, со резултат 20:9. Илинден го отвори натпреварот со серија од три голови, за предност од 3:0. До крајот на првиот дел зголемија на 9:4, резултат со кој се замина на пауза. Во првите 6 минути од вториот дел само ја зголемија предноста, за највисоки во тој момент 14:6. Набргу стигнаа и до двоцифрена предност од 17:7. Стојановски со 6 и Милановски со 5 голови го предводеа Илинден до триумф на овој меч.

Рк Бисинов Вардар пак ја победи екипата на Рк Шампион Вардар, со резултат 17:4. Пресудно за конечниот победник, беше добрата одбрана во вториот дел кога Бисинов прими само еден погодок. На полувреме, резултатот беше 7:3. Во вториот дел следеше неверојатна серија на победничката екипа од 9:0, каде противникот делуваше сосема изгубено. Аврамски постигна 5 голови.

Рк Гостивар Вардар го забележа и вториот пораз на турнирот, откако беа поразени од екипата на Рк Преспа Вардар со резултат 17:10. Иако по првото полувреме резултатот беше израмнет 7:7. Во вториот дел Преспа направи серија од 4:0 за предност од 11:7. До крајот на дуелот Гостивар не успеаа да се врати во игра и нанижа нов пораз. Mазаковски беше најдобар стрелец со 6 постигнати голови.

На останатите натпревари во истава генерација беа забележани следниве резултати:

1.Општина Кисела Вода Вардар1-Рк Будимир Вардар 20-9 (12-6)

2.РК Вардар-Општина Кисела Вода Вардар 2, 19-1 (10-0)

3. Рк Илинден Вардар- РК Бусинов Вардар 10-0(службена)

4.Општина Кисела Вода Вардар 1 – РК Војнис Вардар 18-8 (8-3)

5. РК Вардар – Академија 23-13 (9-6)

6. Рк Вардар Јуниор- Опш. Кисела Вода Вардар 2 19:1