Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите и младинците на Рк Вардар со победи започнаа на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов
Пионерите и младинците на Рк Вардар со победи започнаа на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов

Пионерите и младинците на Рк Вардар со победи започнаа на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов

Вкупно пет победи остварија пионерите и младинците на Рк Вардар на првиот натпреварувачки ден на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов, кој се игра во четири сали во Скопје.

Пионерите на Рк Вардар генерација родени 2002/2003 година предводени од Андријана Будимир го отворија турнирот со висок триумф против екипата на Опш. Кисела Вода Вардар 2 со резултат 26:4. Уште по првото полувреме беше решено кој ќе ги освои првите бодови на турнирот, откако не му дозволивме на противникот да постигне гол. На пауза се замина се замина со резултат 11:0. Доминантна игра на нашите пионери, кои заслужено победија на овој меч.

Во вториот натпревар противник ни беше екипата на Академија 1, против која издвојувавме исто така висока победа. Конечниот резултат гласеше 30:7. Интересно е тоа што во вториот дел примивме само еден погодок, откако на полувреме се замина со наша предност од 17:6. Денеска во истата сала во основното училиште “Круме Кепески“ ќе го одиграме третиот дуел, со почеток од 13 часот.

Младинците на Рк Вардар Јуниор предводени од Слободан Чивлачки, исто како и пионерите остварија две победи на стартот. Во првото кло, во еден тежок и израмнет дуел успеавме да ја совладаме екипата на ХЈС Работник. После голема борба, победата ни припадна нам, со резултат 18:17. По првото полувреме имавме негатива од еден погодок ( 8:9). Двете екипи има свои добри периоди, сепак во финишот подобро се снајдоа црвено-црните кои ги впишаа првите бодови.

Во вториот меч немавме поголеми проблеми во дуелот со Бутел Вардар и рутинирано ги совладавме со резултат 30:9. На полувреме исто така имавме предност од 14:4. Уште една наша младинска екипа предводена од Зоран Петковски имаше сигурен старт, откако во првиот меч бевме подобри од Рк Војнисон-Вардар од Кичево. Конечниот резултат гласеше 36:4. Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански играме против екипата на Рк Шампион со почеток од 09:30 часот, додека два часа подоцна во истава сала се игра дербито со екипата на Рк Метрополис.