Кадетскиот репрезентативен голман на Црна Гора, Јагош Брауновиќ ќе ја засили екипата на Вардар Јуниор. Како што известуваат Црнагорските медиуми овој млад голман веќе пристигнал во Скопје и започнал да тренира со црвено-црнитге, кои се предводен од Пепи Манасков. На голманската позиција во Рк Вардар Јуниор веќе ги имаме Градимир Чаневски и Филип Ивановски, така да конкуренцијата станува се посилна на оваа позиција. Во Јуниор веќе настапуваат двајца играли од Црна Гора, тоа се бековите Божидар Симиќ и Ристо Вујачиќ. Овој млад тим е во борба за пласман на место, кое ќе води во плеј-оф на супер лигата, иако ќе биде многу тешко да се стигне до посакуваната цел.
-Дојдов во голем клуб кој има одлични услови за работа и тоа е она што ми беше најважно. Ќе настојувам со напорна работа и труд да се наметнам на стручниот штаб и да ја оправдам укажаната доверба, изјави Брауновиќ за Црнагорските медиуми.