Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денковски на тренинг со ФК Вардар, дали следува и трет нов играч?
Денковски на тренинг со ФК Вардар, дали следува и трет нов играч?

Денковски на тренинг со ФК Вардар, дали следува и трет нов играч?

Од денеска на тренингот на ФК Вардар има ново лице. Се работи за младиот македонски играч Христијан Денковски. Денковски моментално е без клуб, а негов последен клуб му беше холандски Гронинген, каде што не доби шанса да заигра за првиот тим. Денковски има настапувано и за Триглав во шампионатот на Словенија. Денковски во нашата лига има настапувано за ФК Работнички.

Инаку Денковски има 21 година, има одиграно еден натпревар за селекецијата на Македонија до 21 година, а за селекцијата до 19 години има одиграно три натпревари. Останува да видиме што ќе се случи со Денковски, дали ќе остане на тренинзите на ФК Вардар оваа пролет.