Кадетите на Рк Вардар предводени од Слободан Чивлачки во моментов го играат полуфиналниот натпревар на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“. Денес во 13 часот одиграа уште еден натпревар на кој ја забележаа и третата победа на турнирот. Совладана беше екипата на Рк Војнисон Вардар со резултат 17:6.
Помошниот тренер Грчевски се реши да го започне мечот со втората постава, со тоа што на овој дуел не настапи најдобриот нивни играч Мартин Карапалевски. Уште од почетокот црвено -црните го диктираа темпото на игра и го преземаа водството. На овој дуел имаше само едно израмнување 1:1 во првата минута. До крајот на полувремето Вардар постигна дури девет гола, а противникот само еден , за резултат од 10:2 по првиот дел.
На голот го имавме одличниот Ален Брунчевиќ кој забележа неколку добри интервенции. Влегувањето во игра на Христи Бикоски дополнително ја забрза нашата игра,кој резултираше со зголемување на водството. Во последните 5 минути стигнавме до двоцифрена предност од 15:5. Во последните минути со смирени напади го дочекавме крајот на мечот, за конечни 17:6. Во нашиот состав се истакнаа Христи Бикоски со 4, Петар Тевдовски, Лука Благопетров и Климент Каранфиловски кои додадоа по 3 голови.
Рк Вардар: Брунчевиќ, Динев 1, Кизиќ, Ќосевски 2, Николовски 1, Биковски 4, Атанасовски, Тевдовски 3, Нанов, Мајсторовски, Благопетров 3, Каранфиловски 3, Антевски и Ангелковски.