Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РФМ предлага да се поништи сезоната во Супер лигата, Шампион нема да има
РФМ предлага да се поништи сезоната во Супер лигата, Шампион нема да има

РФМ предлага да се поништи сезоната во Супер лигата, Шампион нема да има

Со оглед дека вонредната состојба поради пандемијата со корона вирусот е продолжена и за наредните 30 дена, на денешниот состанок, од ракометната федерација на Македонија излегоа со предлог, да се поништи сезоната во Супер лигата. Шампион нема да се прогласува, а нема да има ниту испаѓање, додека лигата од следната сезона ќе биде проширена со четири нови екипи, кои оваа сезона беа дел од првата лига, додека Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат од самиот старт на натпреварувачката сезона 2020/21.

Во целост ви го пренесуваме соопштението од ракометната федерација на Македонија:

Во рамки на превентивните мерки и донесените уредби од страна на Владата, ракометните натпревари во сите категории во домашното првенство се во мирување. Воедно ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија е во секојдневна комуникација со надлежните институции со единствена цел за навремено информирање и спроведување на мерките за превенција од ковид-19 .

Земајќи ја во предвид прогласената вонредна состојба во државата како и продолжувањето на истата заклучно со 15 мај 2020 година, дополнително и самиот факт дека поголемиот број договори на ракометарите/ките со клубовите имаат валидност заклучно до 31 мај 2020 година како и насоките од Европската ракометна федерација за завршување на националниот систем на натпревари до 31 мај 2020 година, се наметнува заклучокот дека моменталната состојба не дозволува и не постојат реални услови за регуларно завршување на домашното првенството. За сезоната 2019/2020 година ќе биде доставен предлог до УО на РФМ да нема прогласување на победник во националниот систем на натпревари во сите конкуренции и категории, истиот предлог ќе биде доставен и за Куп на Македонија 2020 година. Местата во Европските клубски натпреварувања на ЕХФ и местата во регионалната СЕХА лига ќе бидат распределени согласно критериуми од страна на УО на РФМ.