Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК и ЖРК Вардар вечер во Љубљана ќе ги дознаат ривалите во групната фаза

РК и ЖРК Вардар вечер во Љубљана ќе ги дознаат ривалите во групната фаза

Вардаровите  претставници во ракометната ЕХФ Лига на шампиони вечерва ќе ги дознаа своите противници во првата, групна фаза. Момците и девојките од Вардар денес ќе дознаат со кои ривали ќе се соочат во новата сезона 2017/2018 во елитата. Извлекувањето на групите ќе се одржи на вечерва во Љубљана.

Ракометарите на Вардар кои ја  освоија шампионската титула  ждребката ќе ја исчекуваат од вториот „шешир“, во истиот ќе биде и полскиот тим Киелце. Тие ќе играа во една од првите две групи (А и Б) кои ќе бројат по осум екипи, а за можни противници ќе ги имаат екипите на: Веспрем, Рајн Некар Ловен, ПСЖ, Кил , Флензбург, Загреб, Нант, Барселона, Висла, Кристијанштад, Алборг, ПИК Сегед, Цеље и Мешков Брест.

dduzpsjxuaa25th

Македонските шампионки и европски вицепрваци извлекувањето ќе го чекаат од првиот “шешир“ со  екипите на: Ѓер (Унгарија), Будуќност (Црна Гора) и ЧСМ Букурешт (Романија)Во останатите „шетири“ се сместени:
Втор „шешир“: Ларвик (Норвешка), Ростов Дон (Русија), Никобинг Фастер (Данска) и Мец (Франција)
Трет „шешир“: Битигхајм (Германија), Крим Меркатот (Словенија),  ФТЦ Будимпешта (Унгарија) и Митјиланд (Данска).
Четврти „шешир“:Вистал Гдиња (Полска), Брест (Франција) и  победниците од двете квалификациски групи (Квалификант 1 и Квалификант 2).