Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Карпош од Куманово и РК Шампион се освојувачи на третото место, на турнирот организиран од РК Илинден-Вардар
РК Карпош од Куманово и РК Шампион се освојувачи на третото место, на турнирот организиран од РК Илинден-Вардар

РК Карпош од Куманово и РК Шампион се освојувачи на третото место, на турнирот организиран од РК Илинден-Вардар

Денес е вториот и последен натпреварувачки ден на турнирот во организација на школата “РК Илинден-Вардар, која е дел од Академијата на Вардар и учесник во “Јуниор“ лигата. Познати се екипите кои освоија трето место, во генерациите родени 2004/05 и 2006/07 година. Тоа се екипите на РК Карпош и РК Шампион.

Во текот на целиот натпревар екипата на Карпош имаше постојано водство и на крајот заслужено успеа да го освои бронзениот медал во генерацијата родени 2004/05 година, совладувајќи ја екипата на Аеродром. Екипата од Куманово уште од стартот наметна силно темпо на игра, кога поведе со 3:0, за аеродромци да вратат со два гола во серија и да намалат на 3:2. Сепак од тој момент следи нова голема серија на Карпош под 4:0 за на средината на првото полувреме да има водство од 7:0. Сепак до крајот на првото полувреме, избраниците на Горан Стојков пружија силен отпор, па до истекот на првите 20 минути успеаа да намалат на само еден гол негатива. Имаше Карпош и водство од 9:6, за Аеродром да постигне три последователни голови и да го израмни резултатот на 9:9. Повторно екипата од Куманово се одлепи на два гола (11:9), за на полувреме да замине со предност од 12:11.

Секогаш кога Карпош ќе се одалечеше на два гола разлика, Аеродром ги следеше во чекор и го израмнуваше резултатот. Така беше и при водство на Карпош од 14:12, 16:14, за натпреварот да започне од почеток и Аеродром да донесе ново израмнување од 17:17. Не попуштија избраниците на Миодраг кои повторно се покажуваат како посилна екипа и повторно се одлепуваат резултатски, овој пат во моментите кога се одлучуваше победникот. Серијата од 3:0 за предност од 20:17 беше одлучувачка за Карпош да слави, а до крајот на мечот успеа да победи и со поголема разлика. Конечниот резултат во ова мало финале гласеше 24:20 во корист на РК Карпош од Куманово, кој е освојувач на третото место на турнирот “Илинден “2017“, кај возрасната генерација родени 2004/05 година.

j2 j

Кај помладата генерација родени 2006/07 година третото место му припадна на РК Шампион од Скопје, кој во малото финале беше подобар од РК Балтепе, школа која доаѓа од Тетово. Тука Шампион славеше триумф со резултат од 13:6. Само едно почетно водство имаше Балтепе, за отварање на резултатот на 0:1, за избраниците на Чивлачки да напарават серија од 3:0 и да го свртат резултатот. Намали Балтепе на 4:3, но на полувреме, екипата од Скопје има најголеми три гола разлика (6:3).

И во второто полувреме, Шампион имаше контрола на резултатот кога поведе со 8:3, а остатокот од натпреварот беше чиста рутина за Шампион, кој немаше проблеми да ја задржи предноста, која на крајот испадна и поубедлива. На овој начин тие се закитија со бронзениот медал во оваа генерација.