Ракометниот клуб Вардар ја доби наградата „13 Ноември“ од областа на спортот што ја врачи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Наградата е за „претставување на град Скопје пред спортската јавност во Европа и за неизмерната радоста на сите скопјани“.
Вардар е убедливо најдобриот ракометен, па и спортски тим од Скопје кој со години успешно го претставува градот Скопје и Македонија во Европа и препознатлив спортски бренд.