Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Давор Серафимов е единствениот вардарец, кој ќе биде дел од Македонија У19 за претстојниот квалификациски турнир
Давор Серафимов е единствениот вардарец, кој ќе биде дел од Македонија У19 за претстојниот квалификациски турнир

Давор Серафимов е единствениот вардарец, кој ќе биде дел од Македонија У19 за претстојниот квалификациски турнир

Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 16 до 24 ноември, во Скопје ќе биде домаќин на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.

Македонија е во групата 10 заедно со селекциите на Србија, Норвешка и Сан Марино. Квалификациските мечеви во рамките на групата 10 ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” и на стадионот на Македонија Ѓ.П.

Младата македонска селекција турнирот го отвора против нашиот северен сосед, репрезентацијата на Србија. Дуелот е на програмата на 17 ноември, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 13. часот.

Во рамките на второто коло од мини квалификациите, на 20 ноември, ќе се сретнеме со репрезентацијата на Норвешка, Во последното трето коло, кое е на програмата на 23. ноември, Македонија ќе игра против Сан Марино од 13.часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Неџат Шабани, за претстојниот квалификациски турнир, го повика играчот на Вардар, Давор Серафимов.