Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци стигнаа до двоцифрен број на победи, преглед на колото во ракометната Супер Лига
Вардарци стигнаа до двоцифрен број на победи, преглед на колото во ракометната Супер Лига

Вардарци стигнаа до двоцифрен број на победи, преглед на колото во ракометната Супер Лига

Се комплетираше 10.коло во групата А од ракометната Супер Лига. До својата десетта последователна победа стигна екипата на Вардар, додека дербито во групата му припадна на Алкалоид кој славеше на гостувањето кај Охрид, а до прв триумф сезонава стигна и екипата на Вардар Неготино.

 Комплетни резултати од 10 коло во групата А:

Куманово – Вардар Неготино  26:27

Вардар – Прилеп  41:27

Струга – Бутел  19:27

Охрид – Алкалоид  28:29

Вардар е лидер на табелата со 30 освоени бодови, втор е Алкалоид со 27.