Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар утре е домаќин на РК Бутел, на натпревар од 2.коло во Супер Лигата
РК Вардар утре е домаќин на РК Бутел, на натпревар од 2.коло во Супер Лигата

РК Вардар утре е домаќин на РК Бутел, на натпревар од 2.коло во Супер Лигата

Утре, со натпреварот меѓу екипите на Вардар и Бутел ќе се комплетира 2.коло во рамките на групата А во ракометната Супер Лига. Поради настапот на Вардар во Супер Купот, натпреварот со Бутел ќе се одигра во текот на утрешниот ден.

Вардар е домаќин во С.Ц. Јане Сандански, дуелот е закажан да започне од 16:30 часот. Судиската двојка доаѓа од Битола, ја сочинуваат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегат ќе биде Марјан Огњановски од Скопје.