Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар во недела гостува кај Бутел
РК Вардар во недела гостува кај Бутел

РК Вардар во недела гостува кај Бутел

Вардар во недела ги продолжува натпреварите во рамките на плеј-офот од Супер-лигата.

Нема многу одмор за црвено-црните кои после високиот пораз од екипата на Веспрем, утре гостуваат кај екипата на Бутел. Вардар е речиси пред сигурна елиминација во ЛШ, па до крајот на сезоната силите ќе ги насочи кон освојување на двојната домашна круна, како и на настапите во СЕХА-лигата.

После три одиграни кола во домашната лига, Вардар е лидер со максимални 9 освоени бодови, додека Бутел има 6 бодови. Вардар е фаворит за победа, но сигурно дека домашниот тим нема лесно да се откаже.

Натпреварот во недела ќе стартува од 17:00 часот во салата „Антон Димитров“