Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Златко Таневски ќе го води Вардар во Битола
Златко Таневски ќе го води Вардар во Битола

Златко Таневски ќе го води Вардар во Битола

Фудбалерите на Вардар им се враќаат на домашните натпревари по репрезентативната пауза. Одново пред Вардар стои сериозен испит и дерби натпревар, овој пат во Битола кај тимот на Пелистер.

Вардарци веќе немаат право на киксови и редно време е да почнат да победуваат. Нашиот тим оваа пролет нема ниту една единствена победа. Можеби е време за тоа токму оваа недела.

И на дуелот во Битола, тренерската функција во Вардар ќе ја извршува Златко Таневски, поради тоа што Џиџи сè уште не е опоравен од корона вирусот.

Дуелот на Пелистер и Вардар се игра во недела од 15.00 часот.