Денес, со натпреварот меѓу РК Куманово и РК Вардар, стартува 6.коло во ракометната Супер Лига.
Вечерва со почеток од 20:00 часот, Вардар гостува кај екипата на МРК Куманово, натпревар кој ќе се одигра во спортската сала „Перо Наков“. Судиската двојка ја сочинуваат Марија Илијева и Силвана Карбеска од Скопје, додека делагат ќе биде Зоран Кимовски од Скопје.
После пет одиграни кола, Вардар има скор од исто толку победи, додека Куманово има само еден триумф и четири порази.