Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Охрид е следен предизвик за РК Вардар
Охрид е следен предизвик за РК Вардар

Охрид е следен предизвик за РК Вардар

Утре екипата на РК Вардар ќе гостува кај екипата на Охрид, на натпревар од 2.коло во Плеј-офот на Супер Лигата.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 18:30 часот. Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Славчо Калановски од Струга.

Охрид во првото коло славеше на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2, додека Вардар на домашен терен го победи тимот на Пролет. Секогаш е незгодно да се игра во Охрид, но Вардар е фаворит за освојување на бодовите.