После пауза од скоро шест месеци, ракометарот на Вардар, Дарко Ѓукиќ, се врати на тренинзите на својот клуб.
Во месец септември минатата година, Ѓукиќ, незгодно се повреди, односно имаше проблеми со лигаментите на коленото, но повредата е минато, па десното крило на Вардар се врати на тренинзите.
Колку ќе може да го даде својот придонес до крајот на сезоната, останува да видиме. Недановски во моментов на таа позиција го има Гоце Георгиевски и Ален Ќосески.