Во сабота, екипата на РК Вардар гостува кај Прилеп, на натпревар од 3.коло во ракометната Супер Лига.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Р.Р.Ричко со почеток од 13:30 часот. Судии на натпреварот ќе бидат Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола, додека делегат ќе биде Владимир Саздовски од Скопје.
После две одиграни кола во групата А, Вардар има максимални 6 освоени бодови, додека Прилеп е без бодови.