Својот старт претстојниов викенд ќе го има и младинската фудбалска Супер Лига. Вардар во првото коло ќе се сретне со екипата на Кул.
Натпреварите против Кул ќе се одиграат во текот на утрешниот ден. Нашите пионерски екипи ќе гостуваат на Цементарница во термините од 12:00 и 14:00 часот, додека кадетите и младинците се домаќини на Локомотива. Овие натпревари ќе започнат од 10:00 и 12:00 часот.
Минатата сезона Вардар заврши како најтрофеен тим во младинската Супер Лига, со вкупно три освоени трофеи.