Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Нова шанса за победа, РК Вардар Јуниор во сабота е домаќин на Пролет 62
Нова шанса за победа, РК Вардар Јуниор во сабота е домаќин на Пролет 62

Нова шанса за победа, РК Вардар Јуниор во сабота е домаќин на Пролет 62

Екипата на РК Вардар Јуниор ќе има можност за нова победа во најсилната супер лига. Во сабота со почеток од 19:00 часот во С.Р.Ц. Кале, младиот состав предводен од Стојан Петрушевски е домаќин на екипата на Пролет 62.

После големата победа против Металург 2, издвојувана на теренот на противникот, младите Вардарци ќе ја бараат и втората победа во новата сезона. После три одиграни кола, екипата на Пролет се наоѓа на последното место на табелата со само еден освоен бод. После откажувањето на тимот на Младост од Богданци оваа сезона ќе нема испаѓање во супер лигата, што е одлична можност за нашиот млад состав да стекнува искуство преку натпреварите во лигата, со оглед дека се работи за екипа составена од ракометари, кои имаат од 15-21 година. Во автокоманда иако игравме против играчи кои имаат настапи во лигата на шампиони за првиот тим на Металург, покажавме дека можеме да се носиме со билo кој противник. Таков беше случајот и во првите две кола, каде бевме поразени, но никако и надиграни од екипите на Охрид и Радовиш од кој загубивме за само еден гол.

Има квалитет и потенцијал во оваа екипа на Вардар, која ја предводи искусниот стратег, Стојан петрушевски на кој од следниот меч ќе му помага и Аце Станковски. Токму екипата на Пролет ќе биде уште еден силен тест за нашите млади надежи, кои се желни за докажување.