Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стари спомени, пред 13 години Пик Сегед го победил Вардар за кој настапувале личности што во моментов работат како тренери во клубот

Стари спомени, пред 13 години Пик Сегед го победил Вардар за кој настапувале личности што во моментов работат како тренери во клубот

vardarfans-1n

Во сабота европскиот шампион гостува во Унгарија, на екипата на Пик Сегед, во рамките на четвртото коло од лигата на шампионите. Последните четири меѓусебни на дуели на овие две екипи ги доби токм Вардар. Интересно е што со истиов противник сме играле и во далечната 2004 година, и тоа во рамки на групната фаза. Во Унгарија Пик Сегед го добил тој меч со резултат 25:18, додека во Скопје натпреварот завршил со нерешен резултат 24:24. Во таа натпреварувачка 2004/05 сезона на клупата на Вардар беше црнагорецот Драган Џукиќ, а негов помошник беше Стојан Петрушевски, кој моментално работи со втората екипа на РК Вардар.

2-2

Во тој состав се наоѓале и голманската легенда на Вардар и македонскиот ракомет, Зоран Петковски-Зенга кој исто така е дел од клубот и работи со младинските категории, а минатата сезона беше тренер на Вардар 2 во првата лига со која стана вицешампион, потоа тука биле и Златко Даскаловски, Аце Јоновски, како и Иван Марковски и Марјан Колев, кој моментално работи како тренер во француската лига, со екипата на Ница.

3

Foto: Miskolczi Róbert