Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од денес вардарци се селат на Златибор

Од денес вардарци се селат на Златибор

Екипата на РК Вардар 1961 денес заминува за Златибор каде ќе одработи десетдневни подготовки.

Црвено-црните неколку дена тренираа во Скопје, а од денес се селат на Златибор каде ќе се одвива главниот дел од подготовките.

Единствено ќе недостасуваат Едуардо Гурбиндо и младиот Давид Савревски, кои имаат репрезентативни обврски.

Првиот официјален натпревар за Вардар е на 11.август, кога ќе одигра Супер Купот против екипата на Еурофарм Пелистер. Останува да видиме дали во Златибор, момците на Вујовиќ ќе имаат некоја контролен дуел.