Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес собир на кадетската мак.селекција, 8 вардарки на списокот, од 21.јули се селат во Маврово

Денес собир на кадетската мак.селекција, 8 вардарки на списокот, од 21.јули се селат во Маврово

 

Денес е првиот собир на кадетската женска селекција на Македонија која ќе се подготвува за настапот на ЕХФ Шампионатот во Литванија. На списокот се 25.девојки во моментот, но експедицијата ќе брои 16 члена во ростерот кога ќе замине на шампионатот.

По неколку дена минати во Скопје, на 21.јули  (среда) избраничките на Савевски Љубомир  ќе заминат за Маврово каде ќе ги одработат вториот дел од подготовките за овој шампионат. Следи враќање во нашиот главен град мал одмор и заминување за Литванија на 5.август. Во оваа селекција има осум вардарки: Коцева Бојана, Коцева Борјана, Вероника Ѓорѓиевска, Магдалена Тошевска, Мила Пешиќ, Јана Равојска, Зорица Андовска и Бојана Радевска. На списокот е и Коловска која избори место како играч на Вардар, но пред половина месец замина во тимот од Автокоманда, ЖРК Металург.