ФК Вардар пријателските натпревари ќе ги отвори во среда и тоа со дуел против ФК Каменица Саса на терен на противникот. Овој натпревар во среда е предвидено да започне од 18 часот.
Пријателскиот натпревар ќе биде прв ,,тест” и за двете екипи кои досега само тренираа без одигрување на натревари. За прв пат во дресот на Вардар треба да се појават низа на нови имиња кои во овој летен преоден рок го засилија нашиот тим и оние кои прават кам-бек во тимот по долги години.
Останува да видиме како ќе отворат вардарци на првиот ,,тест” под водство на новиот стратег Горан Симов. Исто така ќе биде интересно да видиме и за каква формација ќе се одлучи новиот стратег на ,,црвено – црните”.
По овој натпревар, Вардар ќе игра на турнирот „Вуко Каров“ каде ќе учествуваат уште Тиквеш и Победа. На 25 јули e закажан овој турнир. Потоа се заминува во Охрид на главни подготовки.