Тимот на Ѓорче Петров-ЖРК се засилува ова лето и прави серозен тим за лигата, покрај тоа имаат убава идеја, тие ќе организираат силен подготвителен сениорски предсезонски турнир, кој ќе биде меѓународен. Веќе упатија покана до ЖРК Вардар, нашиот тим истата ја прифати. Турнирот ќе се игра од 19ти до 21-ви август во Скопје.
На овој меѓународен турнир ќе има екипи од три земји, односно од два контитинента. Од македонските преставници покрај домаќинот Ѓорче Петров, настапува нашиот ЖРК Вардар и тимот од Прилеп, екипата на Деспина која како и црвено-црните ќе игра во ракометна Европа. Од Србија ќе допатуваат екипите на ЖРК Бор и Јагодина, ќе учестува младинската селекција (У19) на Чиле.
Познат е системот на напреварување, ќе има две групи по три тима и ќе играат секој со секого. Потоа според пласманот на табелата ќе се игра вториот дел од турнирот. Последните две екипи ќе играат за 5.место, првиот во едната група во полуфиналето ќе игра со 2.пласираниот во другата за место во финалниот дуел.