Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Добредојде во Вардар за Пановски и Керим

Добредојде во Вардар за Пановски и Керим

ФК Вардар го комплетира ростерот за новата натпреварувачка сезона. Со многу нови имиња, ,,црвено – црните” ќе атакуваат на враќање во Првата фудбалска лига на Македонија. Отккао промовиравме голем дел на ,,новајлиите”, дојде ред и на офанзивците, на искусниот Александар Пановски и на Вилдан Керим.

Александар Пановски е искусен 33-годишен крилен играч кој во својата кариера има настапувано за неколку прволигаши, а најголем траг остави во екипата на Силекс каде настапуваше неколку сезони, а играше и два меѓународни натпревари. Со своето искуство, треба да биде големо засилување за нашиот тим кон остварувањето на целите.

Вториот е исто така играч од офанзивата и се работи за Вилдан Керим. Керим има 26 години и во Вардар доаѓа од екипата на Дукаџини од Косово. Покрај за овој тим има настапувано и за неколку екипи од Турција, како и за ФК Скопје. Се надеваме дека и Вилдан Керим ќе има значителна улога во овој тим на Вардар.

Им посакуваме добредојде во ФК Вардар на Керим и Пановски!