Вардарци вчера пристигнаа во Златибор, каде и го одработија првиот тренинг. Во наредните десет дена, двократниот Европски Шампион ќе се задржи на ова место, каде ќе се одвива главниот дел од подготовките. Ќе се работи на физичката подготовка, како и на воигрување на тимот.