Денес на прес-конференција, РК Вардар 1961 ги промовираше своите нови дресови со кои ќе настапува во новата натпреварувачка сезона.
За прв пат ќе играме со новите дресови на „Хумел Купот“ во Магдебург, а спонзор и понатаму останува компанијата „Хумел“, со која е продолжен договорот на уште три години, истакна претседателот Михајло Михајловски.
Новиот дрес ќе биде достапен во продажба од понеделник во фаншопот што е во склоп на СЦ „Јане Сандански“.