Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, екипата на РК Вардар го имаше првиот собир во новата година. Недостастуваат седум играчи кои имаат репрезентативни обврски, а во наредниот период ќе се знае точно и кои играчи ќе ги пропуштат подготовките, односно кои дефинитивно ќе патуваат на СП.
Првиот официјален натпревар треба да го одиграме на 28.јануари на домашен терен против екипата на Војводина, во рамките на првото коло од СЕХА-лигата. За претходно е предвидено да се одигра некој пријателски дуел.