Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ристoвски и Алушовски: Не очекува напорен распоред во февруари
Ристoвски и Алушовски: Не очекува напорен распоред во февруари

Ристoвски и Алушовски: Не очекува напорен распоред во февруари

Во С.Ц. Јане Сандански,  вчера тимот  на РК Вардар 1961 го имаше првиот собир во новата година. Недостастуваат седум играчи кои имаат репрезентативни обврски, а во наредниот период ќе се знае точно и кои играчи ќе ги пропуштат подготовките, односно кои дефинитивно ќе патуваат на СП. Тренерот на Вардар и голманот на црвено-црните дадоа видувања за почетокот на новата полу-сезона.

Алушевски: Периодот за подготовки е краток, во февруари не очекува густ распоред со натпревари на повеќе фронта. Во следните три седмици ќе треба комплетно да се подготвиме за вториот дел од сезоната. Во следниот месец имаме да одиграме дури 11 натпревари. Кристијан Дисингер се враќа в четврток, нема да биде дел од германската репрезентација на Светското првенство, среќен што уште од самиот старт на подготовките ќе го имам на располагање. Сите знаеме колку многу проблеми имавме со ковид-19, но сега се надевам дека тоа веќе е надминато, сакаме да ја одбраниме титулата во Суперлигата и да го освоиме Куп-трофејот.

Ристовски: Се подготвуваме за февруари кој ќе биде тежок месец, не чекаат 10-11 натпревари. Но, тоа треба да и да не мотивира да се држиме заедно за остварување на нашите цели. Паузата ни дојде добро на сите, да се одмориме и да се опоравиме од сите повреди кои ги имавме. Распоредот е тежок и мораме да останеме фокусирани. Ќе се обидеме да дојдеме до место погоре на табелата за да добиеме полесен противник во баражот. Не чека многу работа, мораме да мислиме само на успесите на Вардар и ракометот во Македонија.