Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ е единствениот вардарец кој ќе настапи за Хрватска на СП
Чупиќ е единствениот вардарец кој ќе настапи за Хрватска на СП

Чупиќ е единствениот вардарец кој ќе настапи за Хрватска на СП

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација го објави конечниот список од 20 ракометари кои ќе патуваат на СП во Египет кое стартува од утрешниот ден.

Меѓу патниците се најде и еден играч на Вардар, се работи за искусниот Иван Чупиќ кој заедно со Златко Хорват ќе играат на десната крилна позиција. На списокот се најдоа и поранешните вардарци, Лука Циндриќ и Игор Карачиќ, додека место немаше за Ловро Јотиќ од Вардар. Во подготвителниот период, Хрватска одигра два дуели кои ги доби во своја корист против селекциите на Унгарија и Шпанија.

Првиот натпревар на СП, селекцијата на Хрватска ќе го одигра во петок, кога за противник ќе ја има селекцијата на Јапонија.