Денес, ЕХФ, ги објави учесниците на екипите кои директно се пласираа во групната фаза, во второто по ранг квалитетно ракометно натпреварување, Лигата на Европа.
Вардар ќе мора преку квалификации да се бори за пласманот во групната фаза, откако заврши како третопласиран во македонската Супер Лига, додека тимот на Алкалоид обезбеди директен пласман во ова натпреварување.
На 18.јули ќе биде одредена ждрепката за квалификациите, доколку Вардар ги помине истите, на 21.јули ќе бидат одредени и групите во Лигата на Европа.