Ракометниот тим на Вардар ќе мора преку квалификации да се бори за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, откако денес ЕХФ потврди дека црвено-црните се вклучени во овој дел од натпреварување.
Вардар нема да има ниту малку лесна задача, до патот за пласман во групната фаза, со оглед дека ќе има потенцијално тешки противници. Најтежок е секако тимот на Рајн-Некар од Германија, додека тука е и екипата на Грањолерс од Шпанија. Помалку звучни се екипите на Брага, Винтертур и Иштад, кои исто така се можни противници на Вардар во квалификациите.
Извледување е закажано за 18.јули, додека првите натпревари се закажани на 26 и 27.август, а реваншите на почетокот на месец септември.